Пролетно-летните машки и женски комплети и иконските торби на Balmain од денес до 28 јуни ќе бидат со намалени цени. Намалувањето се однесува на купувањето во електронската продавница на брендот, каде што одделни парчиња ќе бидат намалени до 40 проценти.
Од блејзери со „пагода„ раменици до класични костуми и комплети, Balmain и неговите дезени наменети за оваа и наредната сезона, сега се со подостапни цени, што секако дека ќе го привлече вниманието на купувачите./М.М.