Уметничкиот директор на Balmain, Olivier Rousteing, своите пролетно/летни дизајни ги опиша како „љубовно писмо до планетата“. Дизајнерот посочува и дека ги има зачувано естетските кодови на Pierre Balmain, инкорпорирајќи ја и својата современа, смела визија.
Индивидуалноста и непогрешливиот стил на Balmain ги карактеризира архитектонска силуета и извонредна изработка. Дизајнерските јакни го пренесуваат уникатното чувство на самодоверба и задоволство што произлегува од носењето, се вели во преставувањето на Balmain.
Јакната во леопардов жакард, посочена во колекцијата, е со широки зашилени ревери, влошки за рамениците, со двојно закопчување, како и златни копчиња со „лавовска глава“. Од модната куќа напомнуваат и дека овој дел од колекцијата е изработен во Словачка.
Исто така, се потсетува и на распродажбата која почнува денес и се однесува на електронската продажба. Одредени модели од пролетно/летната колекција се до попуст до 40 проценти./М.М.
Деталите за Balmain пролетно/летната колекција, како и за она што е снижено се тука.