Дизајнерските чанти на Balmain, претставени во летната колекција со 62 модела, се потпираат на три различни извори на инспирација: богатата архива на модната куќа, креативното ателје што продолжува да го совладува традиционалните модни техники, како и веднаш препознатливиот стил што Olivier Rousteing го работеше и успеа да и го наметне на куќата, откако беше именуван за креативен директор, во 2011 година.
Од архивите секако потекнува исконскиот монограм, вграден во логото на модната куќа. Имено,страста на Pierre Balmain кон класичната архитектура, кон средновековните замоци и прекрасните градини околу нив ширум Франција се јасно видливата инспирација на Balmain за неговата лавиринт текстура, изведена од монограмот на неговото име и презиме.
Balmain колекцијата за летово, освен модели со лавиринтен монограм, претставува и нивна креативна надградба, создавајќи традиционалната моќна, препознатлива, Balmain силуета./М.М.