Web

Органик Нар, семејната компанија од Богданци, започна со производство и продажба на ART JUICE, новиот природен сок од калинки. Се произведува само од зрната на ова овошје, одвоени од кората и од останатите делови на плодот, во процесот на производството.
Калинката нутриционистите ја нарекуваат и супер овошје поради својот богат и за здравјето благодетен состав. Благодарение на витаминот Ц, но и на витамините Б, како и на повеќето антиоксиданси, овошјето има влијание врз имунолошкиот систем, ја подобрува циркулацијата и ги активира одбранбените механизми против бројни болести. Списокот на минерали, како калциум, калиум, бакар, манган, потоа витамин К, пантотенска киселина, фолна киселина и уште многу други се потврда за квалитетот на ова супер овошје.

Web

Пред четири години ги засадивме првите насади со калинки, овошје кое е многу присутно и по кое е препознатлив југот на Македонија. Годинава решивме да инвестираме во технологијата за производство на сокот од калинки за да создадеме додадена вредност, бидејќи веруваме дека тоа е единствениот пат за раст и развој на земјоделскиот сектор. Откупивме значителни количества калинки од локалните производители и се надеваме дека започнуваме успешна бизнис приказна, посочуваат од Органик Нар.
ART JUICE се произведува без адитиви и додатоци, согласно највисоките стандарди за квалитет. Практичното “bag in box” пакување овозможува лесно конзумирање и долготрајност на сокот, затоа што го штити од надворешни влијанија и ги задржува сите свои својства – од уникатниот освежувачки вкус до автентичната арома. Првите количества се наменети за домашниот пазар, а од компанијата планираат ART JUICE да се извезува и во странство./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.