Најновата, пред – есенска колекција на Area, го спојува бунтовничкиот дух од 80-тите со современите летни вибрации. Piotrek Panszczyk, визионерот на Area, мајсторски ги спојува субкултурите и високата мода, редефинувајќи ги класичните елементи на само нему својствен начин.


Колекцијата ја слави смелата синтеза на стилови, со често присуство на мотивот на брендот – срцето и тоа во дизајни во повеќе нивоа, најчесто изработени во кожа. Палетата на црна и огнено црвена на силуетите, Panszczyk ја надополнува со блесок од нартупаниот накит, кожни капи и мрежести „чапчиња“, како допир на провокативна привлечност.
Несакајќи да се потпираат само на носталгијата, Area воведува и модерни интерпретации на француското кроење од 80-тите. Преголемите, структурирани блејзери се спојуваат со деликатни корсажи од каранфили, изработени од сатен и волна, прикажувајќи беспрекорен спој и зачудувачка софистицираност.


Тексасот се појавува како платно за иновации, со сложени срца поврзани со синџир и украси со кристали, кои оддаваат почит и на стилот на Taylor Swift и на еволуирачкиот дизајнерски етос на брендот.
За оние кои се вљубени во живописните принтови, Area донесува графички мотиви на хаус музиката од 80-тите кои се спојуваат со раскошни цветни дезени, налик на оние на Ken Scott, што резултира со ткаенини кои внесуваат динамика и особеност.


Според зборовите на Panszczyk колекција е „секси, смела и разиграна“, нудејќи привлечен наратив за зајакнување преку модата. Со својата еклектична мешавина на влијанија и бестрашен дизајн, пред-есенската колекција на Area ветува дека ќе ги редефинира границите на современиот стил, поканувајќи ги модните ентузијасти да прифатат сезона на смело самоизразување.


Основано во 2014 година, од дизајнерите Piotrek Panszczyk и Beckett Fogg, во Њујорк, Area е студио за дизајн на мода и додатоци. Синоним се за поместување на границите на модата, комбинирање на субкултурните влијанија со врвен дизајн, за да се создадат смели и незаборавни колекции./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.