Antoine Arnault, најстариот син на претседателот на LVMH, Bernard Arnault, именуван е за главен извршен директор на семејната холдинг компанија Christian Dior SE, на местото на досегашниот директор Sidney Toledano.
Christian Dior е котирана компанија која го поседува најголемиот дел од уделот на семејството Arnault во LVMH (LVMH.PA), најголемата луксузна групација во светот.
Овој потег преставува значајно унапредување на Antoine, најстариот син од петте деца на милијардерот Bernard Arnault који, исто така, се на високи позиции во LVMH, инаку групација во која се над седумдесет компанији, меѓу који и видни модни брендови како Louis Vuitton и Christian Dior.
Оженет е со руската супермоделка Наталија Водианова./М.М.