Еластичноста на поимот време, отсекогаш имала особено значење за модната куќа на Alaia – одбегнувајќи ги конвенциите и ограничувањата, прифаќајќи ги можностите. Во преставувањето на колекцијата наменета за сезоните зима/пролет 2024 на Alaïa, се вели дека Pieter Mulier го истражувал времето и тоа не како апстрактен концепт, туку како материјален поим – неговите знаци и значења и неговите рефлексии преку модата. Како своевидно создавање време.

Ревијата на Alaïa започна со лична порака на белгискиот креативен директор Pieter Mulier. „Да се сретнеме сите заедно на мостот, непосредно пред зајдисонце, кога убавината се шири низ градот, а боите бескрајно се шират. Времето ќе каже, како и секогаш “, пишуваше во пораката, повикувајќи се на локацијата на шоуто – пешачкиот мост Passerelle Léopold-Sédar-Senghor, кој ја поминува Сена од првиот до седмиот арондисман.

Како и секогаш, низа неверојатни силуети ја покажаа речиси неспоредливата вештина на ателјето Alaïa, истакнувајќи ја работата на  основачот на куќата.

Шевовите ја следат не само формата на телото, туку и животот на овие алишта, како временски линии кои ја прикажуваат нивната еволуција и префинетост, процесот зад нивното создавање.

Копчињата се чудно симболични на времето, на процесот: ритуалот на облекување, прицврстувањето на себеси во облека, време на промена и повторно измислување, ветување за идно откровение при нивното откопчување.

Времето е современ фетиш, се посочува во белешките за колекцијата. Изработките одразуваат тактичност, сензуалност… Тие можат да се преправаат дека се други, да бараат момент на поблиско испитување.

На мостот – помеѓу потеклото на модната куќа на Alaïa и нивната сегашност – фигурите се вкрстуваат во постојано движење, нивниот марш е поставен на вечната човечка позадина, на часовникот кој постојано отчукува – со звукот на времето, но и во ритамот на животот.

Сите 50 изгледи од оваа колекција, како и снимката од самата модна ревија можат да се видат тука.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.