Adidas и LEGO групацијата ги здружија силите за да внесат повеќе забава во трчањето. Оригиналните LEGO® плочи, можат да се менуваат и комбинираат, а во продажба ќе бидат за околу три недели.
Доколку можете да ги сонувате, можете и да ги направите, порачуваат на сајтот на Adidas, претставувајќи ги новите патики за трчање, резултатот од партнерството со LEGO®: https://www.adidas.com/us/adidas-ultraboost-dna-x-lego-plates-shoes/FY7690.html
Само погледнете ги патиките Adidas Ultraboost, создадени пред пет години, со Boost подножје, како и впечатлив горен дел на Adidas Primeknit, што и денес ја продолжуваат и одржуваат водечката технологијата за трчање.
Новите патики се сега надополнети со три LEGO® ленти, на кои ќе можат да се додаваат различни лего-коцки, за нивна персонализација, едновремено задржувајќи го препознатливиот изглед, а со цел да ги прослави сите „градители и сонувачи кои ја менуваат играта на свој начин„ како што пишува во промоција на патиките. Стапнете напред и сонувајте – вашето најдобро трчање почнува со токму таков прв чекор, порачуваат создавачите на новите патики.
Посебно внимание е посветено на обновливоста: новиот производ е направен со Primeblue, рециклиран материјал со високи перформанси, делумно направен со Parley палстика од океанот, како и од Primeblue предиво, без нов полиестер./М.М.