Colonia C.L.U.B. е нов, дрвенесто ароматичен мирис на Acqua di Parma, наменет за мажите. Лесен, современ и блескав, Colonia C.L.U.B е освежувачки мирис што ги персонифицира моќните сензации на значајните моменти, затоа што преставуваат заедничко доживување.

Во белешките за тоалетната вода лансирана годинава од Acqua di Parma се вели и дека Colonia C.L.U.B. го доловува возбудливото чувство на леснотијата во шише: бергамот и лимонот создаваат блескаво отворање, додека зачинетиот допир на розовите бобинки и црниот пипер создаваат нераскинливо поврзување со ароматичното срце на мирисот, на кое се надоврзува свежината од шисото и рузмаринот. Основните смирувачки ноти на кедровото дрво и мошусот го евоцираат внатрешниот повик за дружење и создавање спомени со пријателите.
Colonia C.L.U.B. доаѓа во иконското шише на Acqua di Parma со задолжителен дизајн, создаден под влијание на Арт Деко. Софистицираната темнозелена нијанса на капачето и кутијата, со карактеристичниот облик на цилиндар, ги навестуваат ароматичните ноти на тоалетната вода. Грбот на етикетата ја нагласува долгата историја на Acqua di Parma, која датира од 1916 година, и го оддава потеклото на основачот – италијанскиот барон Carlo Magnani./М.М.

Деталите се на: https://www.acquadiparma.com/default/en/colonia-c.l.u.b./COLONIAC.L.U.B.EDC.html

 

You may also like

Comments are closed.