Прекрасен пејсаж крај езерото Комо и Monica Bellucci, крај првите пролетни цветови, што се нишаат на благиот ветер – така D&G ја поставуваат сцената за презентација на нивните иконски ташни, во нови дизајни, текстури и големини – сите под името: “A declaration of love”.
Светлите бои и фината, занаетчиска изработка, сето тоа ги карактеризира најпознатите модели на Devotion Bag, претставувајќи и допир на стил на изгледот на оние кои ги носат.
Само три години по промоцијата, реализирана со дронови над модната писта, Devotion Bag веќе стана иконски модел на Dolce&Gabbana, претставен во различни материјали, форми и големини.
„A declaration of love„ и посветеноста на елеганцијата, врвната рачна изработка и вниманието на деталите, особено на симболот на Sacred Heart, се слават пролетва кај езерото Комо, со Monica Bellucci.
Dolce&Gabbana„Monica Bellucci е амблемот на италијанската убавина во светот. Нејзиното пријателство нè прави горди, а нејзиниот шарм дава неверојатно светло на нашите креации. Со Monica ја делиме приврзаноста кон убавината и занаетчиството, кон работата, семејството и кон Италија: задоволство е што можам да ја раскажувам целата оваа љубов покрај неа “, истакнуваат од Dolce&Gabbana./М.М.
Сите модели на: https://www.dolcegabbana.com/en/women/bags/devotion/?HP_BAN=DEVOTION_210412_stripe2_slide_2