Пред-есенската колекција на Ralph Lauren деновиве пристигнува во продавниците. Настрана експериментот на брендот со спортската облека, за која доста се зборува во смисла на проширување на дејноста, оваа колекцијата изгледа убедливо позната за долгогодишните обожаватели. Моделите наменети за жените ја разработуваат темата за сафари. Lauren почна да ја обработува во време на пандемијата и пред вакцинирањето. Сега, кога луѓето сепак некако можат да патуваат, лесниот и активен стил, што го предлага дизајнерскиот тим, сигурно ќе имаат привлечност.
За преодната сезона моделите за мажите се безвременски спојници направени во силуетите со потпис на Purple Label. Беспрекорната, неутрална палета е дополнета со соодветни модни додатоци./M.M.
Колекцијата е достапна и на електронската продавница на брендот: https://www.ralphlauren.com/brands-purple-label-pre-fall-2021-feat?ab=en_US_MDLP_Slot_8_S1_Image_SHOP