ЗдравјеУбавина и здравје

СЗО бара оданочување на пијалоците со шеќер

Во штотуку објавената брошура на СЗО за влијанието на шеќерот во пијалоците врз здравјето, поради сето изнесено се бара нивно оданочување.

Да се намали прекумерната потрошувачка на шеќери и да се запре епидемија на дебелина и дијабетес, на земјите им требаат сеопфатни акциони планови кои комбинираат оданочување, ограничување на пласман на производи со шеќер на деца и адолесценти, како и реализација на образовни програми во оваа облаат.

Брошурата на СЗО е на следниов линк.

https://apps.who.int/iris/bitstream/handle/10665/260253/WHO-NMH-PND-16.5Rev.1-eng.pdf?sequence=1&isAllowed=y

Зошто СЗО бара оданочување  за пијалоците со шеќер?

Засладените пијалоци – се истакнува во истражувањата сублимирани во брошурата, се најголемиот придонесувач за дебелината и дијабетесот.

  • Преголемата потрошувачка на шеќер е најголемиот придонесувач за дебелината, дијабетесот и расипување на забите.
  • Во храната е многу е лесно да се консумира премногу шеќер, особено во засладените пијалоци.
  • Во пијалоците со шеќер се конзумира најмногу шеќер во исхраната, а неговата потрошувачка кај повеќето земји се зголемува и тоа особено од страна на децата и на адолесцентите.
  • Во просек, една конзерва засладен пијалок содржи околу 40 грама слободни шеќери2

(еквивалентно на околу 10 лажички маса шеќер).

Упатствата на СЗО препорачуваат со цел да се спречи дебелината и расипувањето на забите, возрасните и децата да ја намалат потрошувачката на слободните шеќери на помалку од 10% од нивниот дневен внес (еквивалентно на околу 12 лажички  шеќер кај возрасните). Упатствата сугерираат и натамошно намалување на внесот на шеќер на помалку од 5% од дневниот внес  (околу 6 лажички  шеќер за возрасни) .

Собраните средства би се користеле за реализација на проекти во кои би се дејствувало превентивно, против се поголемото конзумирање на шеќерот, како и за помош во отстранувањето на постојните последици поврзани главно со дијабетесот и дебелината.

Оданочувањето на пијалоците со шеќер наскоро ќе се најде преед владите на земјите на ЕУ, а во Англија за ваков вид на данок ќе се расправа пред есента./М.М.

You may also like

Comments are closed.