Bobe's bakery

Состојки потребни за тестото:

  • 500 гр. брашно
  • 200 мл. млака вода со 1/2 свеж квасец, за да стаса
  • мала лажица сол,
  • мала лажица шеќер,
  • мала лажица прашок за пециво,
  • две лажици масло.

    Bobe’s bakery

Состојки потребни за филот и подготовка:

3 до 4 чешни лук, се чистат и се поминуваат низ пресата за лук. Во тава се ставаат 50 гр. путер да се стопи, се додава 50 мл. масло и лукот. Се пропржуваат колку да пушти арома, па се тргаат од оган и му се додаваат десет ситно исечкани листови босилок.

Bobe’s bakery

Подготовка на лепчето:

Се замесува меко тесто, се формира топка и се остава 15 мин. да стаса, покриено со крпа. Откако ќе стаса, се преместува уште еднаш и повторно се остава, да стаса уште 15 минути. Потоа тестото се дели на четири парчиња, од нив се формираат топчиња. Секое топче се развлекува до големина на тепсијата, првата кора се става на хартија за печење, се премачкува со филот и врз неа се става следната кора. Кога ќе се наредат сите кори, се сечат на 16 дела, сите се виткаат (погледнете подолу во видеото) и се ставаат во тавчето за печење со хартијата. Лепчето повторно се остава покриено да стаса уште 30 – 40 минути. Се пече во загреана рерна на 220Ц./Б.Б.

Наздравје!

You may also like

Comments are closed.