Во време кога многу дизајнери се „ресетираат„ , Stella McCartney значително го зголеми обемот на најновата колекција, опишувајќи го како „екстремен“. За да ги разбереме емоционалните вредности на трипи техниките, смелите бои, искосените мотиви и сајбер текстурите, што се пробиваат низ нејзината најнова колекција, треба да ги знаеме и трансформациите низ кои поминува.
Пред пандемијата, таа ја купи назад својата компанија од Kering и влезе во ново партнерство со LVMH. „Бизнисот минуваше низ транзиција, која беше во секој мој здив, вели Stella McCartney. Тие промени, измешани со КОВИД промените, беа момент на епифанија. Сега, сакам да се почувствува новиот почеток на брендот, како преродба “.
Периодот на заклучување беше искористен за реформи за одржливоста. Објавен е и „Манифест од А до Ш“ за вредностите на брендот, за секој одржлив потег. Причините што таа ги повторува цели две децении за одржливоста на индустријата повеќе не се „причини на Стела“, туку причини на сите.
Во новата колекција, 77% од материјалите се одржливи, а користени се најсовремени технологии за облека за вежбање и за вегани. Внимание привлекуваат мозаични панталони, од вештачка кожа извезени на тул. Овие ефекти беа радост на модата и враќање на смелоста, младешката енергија, по кои дизајнерката е позната со децении. Облеката се чувствува како крајно лична за Стела Макартни, но е опремена со енергија со која сите можат да се снајдат во овој момент./M.M.