Уметничката директорка на Шанел, Virginie Viard за промоција на последната колекција го одбра легендарниот ноќен клуб Chez Castel, славно место за забава од 1960-тите, па и деценијата потоа. Особено и се допаѓаше идејата девојките од Шанел да се спуштат по славните тесни скали на клубот со своите огромни мантили, за потоа да ги остават во салата, за да ги покажат малите шик фустани. Дури и бушавите чизми се покажаа како двослојни, така што, кога ќе се отстрани горниот дел, се откриваат елегантни чизмички.
Во фустаните Виард, низ целата колекција се споени цврстиот твид и кревкиот шифон, инспириран, како што објасни таа, од легендарниот стил на покојната Стела Тенант, многу години модна икона на Шанел.
Колекцијата обилува и со „скијачки дух“: норвешки џемпери, обемни пуфери и скијачки панталони, со кратки исечени стилизирани јакни. Инспирација за модните парчиња се и колекциите на Шанел од 1985 и од 1994 година, со за тоа време карактеристичната шминка и фризура.
Париската ноќ, во некогаш славниот клуб, сега по повод Шанел колекцијата за наредните есен и зима, е на следниов линк: