Ги заборавивте клучевите. Го познавате човекот и се поздравивте но – како му беше името? Зборот што го баравте беше на врвот на јазикот, но не можете да се сетите. Хммм, не се чувствувате постари, но чувствувате дека се менувате.
Студија објавена во Британскиот медицински журнал покажа дека когнитивниот пад, поврзан со возраста, започнува многу порано отколку што се очекуваше: кон средината на 40-тите години. Уште повознемирувачки, овој пад може непредвидливо да напредува. Научниците идентификуваа дека ацетилхолинот е одговорен за формирање нови врски и зајакнување на нервните патишта во мозокот.
Ацетилхолин е невротрансмитер кој игра важна улога во многу клучни аспекти на здравјето, како што се движење на мускулите, размислување и многу други функции на мозокот. Со други зборови, го одржува витален вашиот ум.
Ниското ниво на овој клучен невротрансмитер претставува ризик. Проблемите со производството и употребата на ацетилхолинот се белег на болести како што се деменција и мијастенија гравис (автоимуна болест што ги ослабува мускулите). Одредена исхрана може да вијае врз создавањето на ацетилхолин и да го намали ризикот од појава на некои од спомнатите заболувања.
Суплементи на ацетилхолинот не постојат, така што можат да се земат суплементи кои индиректно можат да го зголемат нивото на ацетилхолин, како холинот, или додатоци кои го инхибираат распаѓањето на ацетилхолин, како што се Bacopa Monnier, Ginkgo biloba и huperzine A.
Суплементите со холин се посочуваат како добар избор за зголемување на нивото на ацетилхолинот. Освен ментални придобивки, супламантите со холин се поврзани со други позитивни ефекти, како што се поддршка на здрава бременост или помош за менталното здравје, како и потенцијални придобивки за срцето и црниот дроб. Сепак, избегнувајте да земате премногу холин или кој било од горенаведените додатоци, бидејќи тие можат да имаат непријатни несакани ефекти. Како и со секој суплемент, важно е да разговарате со вашиот лекар пред да почнете да го земете.
Холинот е основна хранлива материја неопходна за широк спектар на функции, од одржување на клетките до создавање на невротрансмитери. Недостатокот може да услови зголемување на ензимите во црниот дроб и да доведе до негово заболување, па дури и срцеви заболувања и невролошки нарушувања. Прелиминарните студии сугерираат дека здравствените придобивки од соодветниот внес на холин вклучуваат намален ризик од деменција, кардиоваскуларни болести и канцер.
Храната со високо количество на холин вклучува посно пилешко месо, риба, соја, шитаке печурки, посно свинско месо, јајца, говедско месо, ракчиња, грав, млеко со малку маснотии, јогурт, киноа , брокула, зелка, и зелен грашок. Дневниот внес на холинот е 550mg. Списокот е долг, што сугерира дека за одржување на потребното нивно на дневен внес на холинот е потребна разновидна исхрана со малку маснотии и повеќе зеленчук. /М.М.