Afterworld: The Age of Tomorrow е алегорична авантура спакувана во видео-игра и модна колекција што се очекува да го најде патот до милиони играчи ширум светот

Balenciaga

Баленсијага 2020 година ја завршува со промоција на својата нова колекција и нова апликација на видео-игра. Отсуството од физичко модно претставување  Демна Гвасалија, актуелниот креативен директор на Баленсијага, го претворија во дизајнер на игра наречена  Afterworld: The Age of Tomorrow. „Почнавме на ова да работиме во април, бидејќи знаевме дека модните ревии не доаѓаат предвид“.

Balenciaga

Afterworld: The Age of Tomorrow е авантуристичка видео-игра, чие дејство се случува во 2031 година. Започнува со аватар кој излегува од виртуелна продавница на градските улици, по што играчот може да ги испробува новите модни парчиња на брендот, да се впушти во авантура низ планините и шумите, како и да комплетира предизвици со цел да добие награди. Играта е алегориска авантура која го истражува митолошкото минато и проектираната иднина за која е наменета новата модна колекција.

Balenciaga

До видео-играта може да се пристапи преку сајтот на Balenciaga. За оние кои сакаат само да ја разгледаат новата модна колекција, го користат истиот линк, каде што ќе ги видат анимираните карактери во драматични пози, својствени на видео-игра.

Balenciaga

Afterworld: The Age of Tomorrow всушност не е првата видео игра создадена за да се прикаже колекција. Тоа би била Колина Ленд, од Колина Страда, која минатиот месец се поклони како дел од Гучифест, фестивал на краток филм спонзориран од брендот, на кој учествуваа дела од 15 независни брендови.

Исто така, веројатно нема да биде ниту последна, откако модата веќе некое време флертува со светот на игри. Burberry го емитуваше своето најново шоу на платформата за пренос во живо Twitch, а Dior Men го направи истото со својата пред – есенска колекција. Луј Витон веќе ги има дизајнирано костумите и трофеите за освојување за во борбената арена на играта League of Legends. / M.M.

 

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.