Елитните стоковни куќи деновиве можат да се пофалат со раскошно украсени излози, безброј идеи за подароци и понуда на уникатно чувство за убав повод. Ваквата, посебна улога на стоковните за време на сезоната на празници се потенцира повеќе од кога било во годината на Ковид-19. Имено за Neiman Marcus, Harrods, Selfridges или Lane Crawford деновиве пред божиќните купувања, освен обид на сивите денови да им се врати бројата, туку и се и сериозен економски предизвик и дилема пред кои ги стави пандемијата во оваа неверојатно мрачна година. Времето ќе покаже дали големите распродажби за расчистување на натрупаните залихи, интернет продажбата, новите палети услуги во самите стоковни како и големото внимание поврзано со превенцијата од заразата се доволни за да се поминат овие месеци и економски да се преживее.
Директорите на спомнативе стоковни куќи се согласуваат дека одржувањето на добри односи со клиентите овој Божиќ не е само да се обезбеди добра продажба, туку претставува и долгорочна инвестиција. За Дејвид Губерт од Neiman Marcus иако секоја година Божиќ е многу значаен период, оваа е особено важна и заради сите оние кои на крајот од оваа тешка годинава бараат нешто позитивно.
Но нема да биде лесно да се остварат плановите и предвидувањата на стоковните, ниту на купувачите доколку стоковните немаат соодветен одговор на актуелните услови,наметнати од последиците на пандемијата. Затоа, за да се поттикнат продажбите, трговците се потпираат на иновативни дигитални алатки, виртуелни и лични искуства, како и на рани мултимедијални промоции.
Секако и заклучувањата, условени од пандемијата се и натаму сериозен проблем.По второто отворање на пример, иако купувачите се вратија во Selfridges, на улицата Оксфорд во Лондон, редиците неможеа да го надоместат загубеното време и приходите. Во Неиман Маркус на пример нудат онлајн советодавна услуга за подароци, каде што клиентите можат да добијат личен советник околу изборот и испораката на производите. Selfridges склучи договор со Royal Mail за брза и точна испорака на купеното.
Па сепак, и покрај сите напори, покрај протоколите за безбедност при купување, околу 51 процент од празничните купувачи сè уште се чувствуваат вознемирени за купување во продавница, според истражувањето спроведено од Делоит. Многу потрошувачи затоа ќе се определат за минимално време во продавницата, 27 проценти ќе користат достава, а 35 ќе го одберат дигиталното купување.
Економското влијание на пандемијата сериозно им тежи на стоковните куќи, а причина е и за нови размислувања за тоа како да се продадат натрупаниот залихи. Агресивните попусти на Хародс не се доволни – Потрошувачите купуваат, но побарувачката е многу помала. Треба сериозно да размислиме што и како да направиме за луѓето да купуваат./М.М.