МодаТрендови

ELIE SAAB со „Lights of Lutèce“ ја слави романтиката на Париз

elie saab

Модната куќа ELIE SAAB ја претстави колекцијата венчаници за есен 2027 година, насловена „Lights of Lutèce“, инспирирана од историјата, светлината и архитектонската елеганција на Париз. Колекцијата ја поврзува препознатливата раскошна естетика на брендот со посовремен пристап кон венчаницата и поголема слобода во изборот на силуети.

Remove term: ELIE SAAB и романтиката на Париз ELIE SAAB и романтиката на ПаризИмето „Lights of Lutèce“ се однесува на Лутеција, античкото население од кое се развил денешен Париз, а светлината, движењето и архитектурата на француската престолнина се преточени во материјалите, формите и деталите на моделите.

Во колекцијата доминираат раскошни венчаници од тил со нагласен струк и повеќеслојни здолништа, како и модели украсени со кристали, бисери, светкава органза и цветен вез. Некои од креациите ја нагласуваат нежната страна на романтиката, додека други носат поизразена драматичност.

Remove term: ELIE SAAB и романтиката на Париз ELIE SAAB и романтиката на ПаризМеѓу впечатливите модели е венчаница со деколте инспирирано од балетски костим, украсено со ситни кристали, со прозрачен превез како дополнување на деликатниот изглед. За љубителките на класичната принцеза-силуета, ELIE SAAB предлага модел со бисерен корсет и слоеви органза со светкави детали.

Покрај раскошните креации, колекцијата носи и поедноставни, современи решенија. Венчаница со чисти линии и дискретни џебови е надополнета со ракавици со тридимензионален цветен вез, додека краток модел без прерамки добива драматичен карактер со асиметричен долг наметкаст додаток.

Remove term: ELIE SAAB и романтиката на Париз ELIE SAAB и романтиката на ПаризЧипката е меѓу клучните елементи на „Lights of Lutèce“, присутна на корсетите, ракавите и здолништата. Традиционалната гипирска чипка, цветните мотиви и проѕирните материјали се комбинирани во силуети што се движат од класично романтични до нагласено сензуални.

Еден од моделите е полупроѕирна венчаница со силуета на сирена, халтер-деколте и долг раскошен наметкаст додаток во боја на слонова коска. Тесната силуета ја следи линијата на телото, додека обемниот додаток создава контраст и драматичен ефект.

Remove term: ELIE SAAB и романтиката на Париз ELIE SAAB и романтиката на ПаризПосебно внимание во колекцијата е посветено на можноста за трансформација на венчаниците. Одредени модели можат да го променат изгледот со додавање ракави, шлепови, долги здолништа или превези, овозможувајќи една креација да добие сосема поинаков карактер во различни моменти од свадбата.

Таков е и цветниот чипкан корсет со ѕвонести ракави, кој може да се комбинира со долга здолниште со силуета на сирена, нежна slip-халjина или благо проширени панталони. Со тоа, класичната претстава за венчаницата се проширува и кон посовремени комбинации.

Remove term: ELIE SAAB и романтиката на Париз ELIE SAAB и романтиката на Париз„Lights of Lutèce“ покажува дека современата невеста не мора да се определи за само една силуета. Романтичните венчаници со тил, кристали и чипка се надополнети со кратки модели, панталони и трансформативни креации, создавајќи поширок избор за различни стилови на венчавка.

Преку светлината, раскошот и париската романтика, ELIE SAAB во колекцијата за есен 2027 година ја задржува препознатливата елеганција, но ѝ дава нова форма на традиционалната венчаница./M.M.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.