За својата најнова сouture колекцијата, за пролет 2025 година, креативниот директор на Schiaparelli, Daniel Roseberry, посегна по раскошните традиции на модата, создавајќи колекција што ја редефинира екстраваганцијата, среде свет кој се повеќе се приклонува кон минимализам. Icarus, колекцијата претставена на париската недела на високата мода ( Paris Couture Week), зема инспирација од историски форми и винтиџ техники, што резултира со ревија која комбинира носталгијата со модерната фантазија.
Дизајните на Roseberry се под силно влијание на референците од 1920-тите и 1930-тите, прикажувајќи корсети и форми на песочен часовник низ истрага на екстремни волумени и палета на бои од беж до браон,предизвикувајки чувство на безвременски луксуз.
Отстапувајќи од минимализмот, Roseberry се фокусираше на богати детали и сложена конструкција, создавајќи облека што ја балансира строгоста со имагинацијата. Колекцијата, насловена Icarus,, оддава почит на трансформативната моќ на високата мода, славејќи ја едновремено убавината и уметноста на модната изработка.
На сајтот на модната куќа може да се проследи и ревијата, како и да се видат сите предсавени модели: https://www.schiaparelli.com/en/haute-couture/haute-couture-spring-summer-2025-1/

Daniel Roseberry е американски моден дизајнер и креативен директор на француската куќа за висока мода Schiaparelli. Роден во Тексас, ја започна својата кариера во модната индустрија работејќи за повеќе реномирани брендови. Неговата работа за Schiaparelli, која започна во 2019 година, брзо стана препознатлива по комбинацијата на класична елеганција и модерни, авангардни елементи. Неговите колекции често ја истражуваат техниката, уметноста и надреализмот, создавајќи софистицирани креации кои будат емоции и го одземаат здивот. Daniel Roseberry е еден од највозбудливите дизајнери во светот на високата мода, познат по своите импресивни, рачно изработени парчиња и иновативни пристапи кон модата./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.