ММ кујна Bobe's bakery

Пиварки – посни снегулки

Откријте го рецептот за неодоливи снежни посни пиварки: сочни, ронливи, обвиткани со кокос. Совршени за празнични моменти или за сладок оброк, овие пиварки ќе го освојат вашето срце и вашиот вкус!

Првин се подготвува шербетот:

  • 800 мл вода
  • 1 кг шеќер
  • 2 ванили
    Откако ќе зоврие, да се вари уште 10 минути, па се остава да се олади.
  • 100 гр кокос за валкање
  • Тесто:
  • 250 мл пиво
  • 500 мл масло
  • прстофат сол
  • прстофат шеќер
  • прашак за печиво
  • 800-1000 гр. брашно по потреба, тестото да биде меко

Од тестото се обликуваат форми по ваш избор топчиња или како кифлички, исто така по желба во средината се става оревче, слатко, џем или без ништо, секој по свој вкус.
Пиварките се редат во намастена тава и се печат околу 20 минути во загреана рерна на 200Ц, малку да заруменат. Потоа топли се топат во ладниот шербет, а потоа се валкаат во кокос или мелени ореви.

Овие пиварки се совршен десерт комбинација од едноставност и богатство на вкусот кои ќе ви донесат топлина и радост во секој момент.
На здравје!

You may also like

Comments are closed.