Мобилниот гигант Honor, сестринска фирма на Huawei, ја ангажира нашата Ивана Караџова да биде мистериозна дама која во рекламната кампања промовира нов мобилен телефон.


Караџова, која веќе подолго работи како интернационален модел, често престојува во Милано, Барселона, Истанбул и низ Азија. За оваа кампања, Ивана замина во Шангај, каде што е реализирана фото-сесијата, во едно од нивните студија со специјални ефекти.
Модната кариера на Караџова започна кога победи на изборот на Лице на Годината ( Look of the Year ) во 2016 година. Како еден од последните ангажмани на нашата Ивана беше и глобалната кампањата за M.A.C Cosmetics, велат од нејзината матична агенција Моделс Ин Менаџмент, од Скопје.

More in:Модели

You may also like

Мода вести

45 години Michael Kors

Јубилејот одбележан со пригодна кампања посветена на Њујорк и уметноста Michael Kors ја одбележа 45-годишнината од ...

Comments are closed.