Haute Couture колекцијата на Stéphane Rolland за наредните есен и зима, според францускиот дизајнер, претставува љубовно писмо посветено на времињата на вистинската париска елеганција. Инспирирана од градот на уметноста, од времето на 1940 и 50-тите, колекцијата отелотворува време на „чист гламур и елеганција“.


Rolland го замислува Париз обвиткан со мистична привлечност и суптилна сензуалност, со црно-бела палета на лелеави силуети…тоа е градот на Yves Montand, Édith Piaf и на младата Jeanne Moreau.
Сцената на Salle Pleyel е црно-бела писта, низ која моделите се лизгаат во прекрасни тоалети украсени со пердуви и полу-драги камења кои дизајнерот маестрално ги спојува со волна, кадифе, тул и сатен, создавајќи симфонија од хипнотизирачка текстура.


Кроењето има значајна улога: јакните со силни раменици нудат машки контрапункт на севкупната флуидност на колекцијата. Овие архитектонски парчиња ја заматија границата помеѓу сакото и фустанот – структуриран елемент што прекрасно се разликува од проѕирните шифон наметки.


Колекцијата зрачи со суптилна сензуалност. Длабоки деколтеа, голи грбови и дијамантски појаси што ја красат голата кожа додадваат допир на примамлива мистерија.
Rolland посочува дека оваа колекција е негова уметничката визија: Тоа сум јас – повеќе од сто проценти. Без непотребни елементи – само суштина на француската елеганција и тоа онаа впечатлива, исполнета со вистински вредности./М.М.

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.