Преставена е првата ко-дизајнирана колекција на Sienna Miller за Marks & Spencer. Со принтови во стилот на 1970-тите, женствени детали и преголеми силуети, изгледите од колекцијата на M&S и Sienna Miller црпат инспирација од личното стилско патување на Sienna, со референци од нејзината архива.
За оваа колекција, Sienna Miller, англиска актерка, моделка и модна дизајнерка соработуваше со Marks & Spencer. Партнерството со големиот британски трговец на мало е започнато во септември 2023 година, кога Miller доби бројни признанија за ланската есенска кампања.
Отсекогаш го сакав M&S – тој бренд е дел од структурата на живот на британците и има посебни асоцијации за толку многу луѓе“, вели Miller. Заедничката работа на дизајност на 33 парчиња е ода на модерната бохемија на брендот Miller, комбинирана со принтови од 1970-тите, со винтиџ детали, лесни силуети и богати текстурални контрасти./М.М.