Модната куќа Chloé отсекогаш била синоним за женственост, автентичност и слобода. Оваа есен, брендот се враќа на своите корени, инспириран од иконските колекции на Karl Lagerfeld, од 1970-тите. Колекцијата претставува деби на Chemena Kamali како креативен директор на Chloé, поради што и го носи името Почеток – The Beginning.
Новата колекција ја истакнува суштината на Chloé жената, преку автентична облека и додатоци, со кои едновремено се слави минатото и се отсликува духот на модерноста.
Очекувајте класични парчиња како палта, блузи и фармерки, освежени со нови куќни икони како чизми од седумдесеттите и чанти со емотивен квалитет. Палетата на бои ги истражува нијансите на беж и розова, додека ткаенините како свила, чипка и кожа се користат за создавање флуидни силуети и структура.
Оваа колекција е повеќе од облека: таа е вистинска ода на женственоста, слободата и еволуцијата, истакнува Chemena Kamali. Се надевам дека можеме да предвидиме како жените денес сакаат да се чувствуваат. Сакам жените од Chloé да се чувствуваат себе си и да ги допира духот и виталноста на Chloé. Оваа колекција е за претворање на нашите спротивности во гардеробата исполнета со радост, интуиција и слобода./М.М.
More in:Мода
Невестинските couture фустани на Vivienne Westwood
Невестинската couture колекција на Vivienne Westwood за 2025 година, со само девет фустани, го истакнува ...
Victoria’s Secret 2024 – Повторно на писта
Во вторникот вечерта, модното шоу на Victoria’s Secret по едно откажување и шестгодишна пауза, ги ...
Dolce & Gabbana ја претстави Il Pranzo кампањата
Irina Shayk е водечки модел во најновата рекламна кампања на Dolce&Gabbana, насловена како Il Pranzo, ...
Emporio Armani и приказните за Made in Italy
Најновата кампања за машката колекција на Emporio Armani за есен/зима 2024/25 е со смел дух, ...