Спојувајќи ги поетиката и грациозноста, колекцијата на Dior за зимата 2024/25, на уметничкиот директор Kim Jones, ја поврзува реалноста на конфекциската облека со високата модата. Конкретно, инспирација за колекцијата е легендарниот балетан и сценограф Рудолф Нуреев: се слави убавината на балетот, претставувајќи можност уметничкиот директор да му оддаде почит и на својот вујко, Colin Jones, фотограф и пријател на балетската ѕвездата.


Колекцијата ги реинтерпретира архивите на Dior со виртуозност: кроењето е повторно измислено со нови волумени, набори и деколтеа, додека комбинезоните со патенти, кусите панталони и волнените додатоци потсетуваат на уникатниот стил на Нуреев.


По повод модната ревија, одржана на 19 јануари, уметничкиот директор Kim Jones посочи :„Размислував за врската помеѓу балерината Margot Fonteyn и Monsieur Dior. Машката интерпретација на ова вклучуваше и размислување за нејзиниот најпознат танц партнер: Рудолф Нуреев. Нуреев е испреплетен со мојата лична историја поради мојот вујко, фотографот Colin Jones, кој бил и балетан, се дружел и ја фотографирал ѕвездата.
Колекцијата, поточно моделите, се однесуваат на контрастите во куќата на Dior во однос на конфекциската и на високата мода. Тоа е разликата помеѓу сцената и зад сцената; животот на Нуреев во театарот и во реалноста. Овде тоа е средба на стилот на танчер со стилот на аотрхивата на Dior“.


Врската со Нуреев е и поврзување со модата на шеесетите и на седумдесетите, искористени во едноставноста на линиите на палтата, сакоата и пантоланите.
Модните додатоци ја повторуваат едноставноста, дисциплината и екстравагантноста на големиот уметник.
Кадифените шапки, првично дизајнирани во 1999 година за женската облека на Dior, сега наоѓаат машка форма, сосема во стилот на Нуреев.

На сајтот на модната куќа е поставен и модниот филм од ревијата, како и сите модели од новата колекција.
Можат да се видат на следниот линк:
https://www.dior.com/en_int/fashion/mens-fashion/shows/winter-2024-2025-mens-show

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.