Во рамките на годинешното издание на Модната недела Њујорк, дизајнерката Latoia Fitzgerald ја претстави својата втора колекција наречена Taste of L.A.Style. Тоа беше едновремено нејзино деби на NYFW, со нејзиниот бренд Lionne, со ревија на која беа присутни модните уредници и новинари од градот, како и нови модни креативци, кои се собраа да го прослават појавувањето на брендот со седиште во Лос Анџелес и на дизајнерката Latoia Fitzgerald.
Екслузивно, секси и предизвикувачки мистериозно – тоа се зборовите што ,” Fitzgerald ги одбра за да ја опише својата естетика и на брендот, а се однесува и на жените кои ја носат облеката што таа ја дизајнира.
Асортиманот, означен како Колекција 002 (повеќето дизајнери во подем веќе не ја користат традиционалната сезонска номенклатура), се одликуваше со различни силуети на мини здолништа, класични кошули и комплети, потоа тексас облека за која е карактеристично вештото кроење во тексас, како и во ткаенини слична на кожата.
Бев инспирирана од мојот дом и себеси, рече Fitzgerald говорејќи за нејзините креативни пориви и инспирации, „Порасната сум во Филаделфија, ги сакам моите пријатели од гетото, и сакав да ги вратам доцните 90-ти, но и да ја додадам жената која сум денес./М.М.