Две реномирани имиња во модната индустрија, Dundas и REVOLVE, ја претставија нивната, четвртата по ред колекција наменета за времето пред есента 2022.
Можеби токму поради времето за кое е намената, колекцијата на Dundas x REVOLVE нуди облека во смели и живописни нијанси, драматични силуети и гламурозни детали на обувките и накитот.
Кампањата ја претставува топ-моделот Luna Bijl, со студиските портрети на Sebastian Faena.
Дизајните на колекцијата се инспирирани од препознатливите детали на брендовите, на кои им се додадени утилитарни акценти. Тоа особено се однесува на мини и макси фустаните, на смелите исечоци на здолништата, како и на привлечните комбинации на бои. Колекцијата вклучува и јакни и кроп топови со цветни, како и животински принтови./М.М.