Во рамките на тековната Модна Недела Њујорк (NYFW) прикажана е и колекцијата на Michael Kors за есен/зима 2022/2023. Како и во изминатите години така и сега, Kors во своите колекцији ја слави убавината на својот град- Њујрк. Сакав да ја оживеам енергијата на градот ноќе, затоа што сметам дека не е битно каде си туку какви емоцији чуствуваш на едно или друго место, коментира дизајнерот.
Како еден од најдобрите дизајнери во Њујорк и тоа цели четири децении Kors со своите активности во текот на пандемијата, во и надвор од модата, се истакнал како еден од најангажираните во надминувањето на кризата и на последиците од неа.
За сето тоа Њујорк му е благодарен, вели градоначалникот Eriс Adams. Возбуден сум кога гледам што се има направено, како на пистата, така и надвор од неа.
Новата колекција на Michael Kors вклучува се: од провокативни здолништа и високи чизми до драматични палта и миди здолништа. Палетата на бои опфаќа од беж и чоколадна до портокалова и жолта.
Интересно е и што колекцијата носи белег на Marilyn Monroe, но не по она што го носела, туку како тоа го носела, со спуштени ракави и откриени рамења. Според Kors и бањарката на неа била облека од милион долари, а рамената, клучна ерогена зона. Моделите на Kors во тој стил носат кашмир или вештачко крзно.
Во текот на седумте дена во овој септември, во рамките на Модната недела Њујорк, над 300 дизајнери ги презентираат своите колекцији за наредните сезони пред љубителите на модата, потенцијални купувачи, инфлуенсери и критичари. По повод одбележувањето на 130 години од основањето, Vogue магазинот организира пригоден евент наречен VOGUE World: Њујорк.
Се очекува и дека модните настани ќе привлечат голем број посетители пред кои ќе се престават идните модни трендови./М.М.
Модните ревији можат да се следат и преку интернет страницата на NYFW. https://nyfw.events/