Oscar De La Renta не нуди само неверојатна колекција за пролет-лето 2022 година, туку и визија за ревитализирање и подмладување, за блескав пречек на пролетта. Инспирирана од зелените пазари што се наоѓаат низ Њујорк, колекцијата плени со чувство на обновување преку смели бои, обемни, сложени дезени и многу повеќе оригиналност во изведбата.

Природата не е отелотворена само преку вибрациите на колекцијата, туку и со мешани панели со цветови од магнолија, вазни за цвеќе и овошје кои комплетираат различни парчиња секогаш силно и јасно и елегантно, како фустани од тантела, моќна и впечатлива вечерна облека и многу живописни креации кои изобилуваат со раскош.

На Модната недела во Њујорк креативното дуо Fernando García и Laura Kim промовира моден филм за новата Ready-to-Wear колекција за пролет/лето 2022 година. Во него Irina Shayk, Candice Swanepoel, Soo Joo Park, Akon Changkou и Lulu Tenney се спуштаат низ Брајант паркот во Њујорк за да организираат прошетка, со блескави стилови, наредени речиси како соѕвездија и вечерни фустани без прерамки…

За пролетно/летната колекција на Oscar de la Renta, подготвена за носење претставува и поздрав на пролетта со дневен гламур, создаден од цветни дезени, надополнети со Miso папучи на платформи./М.М.

 

More in:Мода

You may also like

Comments are closed.