Marc Jacobs годинава ја затвори NYFW со изненадувачка, виртуелна колекција. Имено, беше вообичаено Jacobs да ја затвора модната недела во Њујорк (NYFW) со огромна продукција, исполнета со театралност и радости на животот. Jacobs секоја година го преземаше просторот на Lexington Armory, каде што ги приредуваше своите незаборавни настани со ексклузивни модни ревии.
Но, последните неколку години, оптоварени со пандемии, го сменија механизмот на дизајнерот во прикажувањето на неговата работа. Кога годинава неговото име не се појави во календарот, а во изјавите околу тоа дали ќе издаде колекција или не – се насетуваше и двосмисленост, се наметнаа бројни прашања и за иднината на неговата линија и општо, за пејзажот на NYFW.
На изненадување на сите, Jacobs многу тивко ја објави својата колекција за 2022 година – претпоставената комбинација од она што би биле неговите колекции пролет/лето 2022 и есен/зима 2022 година. Без соопштение за прикажување, без објаснување за неговите намери, без алузии на силите зад колекцијата – само линк до видео со висока резолуција и список со имиња на модели. Се чини дека колекцијата следи нишка на реконструкција и едноставноста. Присуството на извонредни силуети и готски мотиви поставени на гола-речиси стерилна-заднина создава драматичен и елегантен ефект, кој е потпис на Jacobs. Иако NYFW никогаш нема да биде сосема ист без неговото традиционално шоу, тивкото и импресивно шоу, сепак, ја засили модната недела./М.М.