Како љубовна приказна за Њујорк и почит на американскиот џетсетер, Michael Kors ја одбира Kendall Jenner за заштитно лице на кампањата посветена на колекцијата пролет/лето 2022 година.
Безвременска сила и романтика ја поттикнуваат визијата на Michael Kors за кампања на колекцијата во која се преставени 66 модели. Во главната улога е Kendall Jenner, фотографирана на покривот на кулата „Проспект“ на Менхетен.
Со кампањава сакав да ја оживеем урбаната романса и уникатната комбинација на сила и решителност на Њујорк да инспирира со љубов – одново и одново, објаснува Michael Kors, кому инаку Њујорк му е роден град.
Колекцијата е посветена на урбаната романса, преставена со женствени силуети и рачно изработени ткаенини: Здолништата се структурирани, блузите со пораки во мотивите, а фустаните рачно везени. Особено внимание привлекува редизајнот на познатата Audrey чанта, во црна и огнено црвена боја, како силно стилско надополнување на Audrey црните комплети.
Според модната куќа, Jenner ги отелотворува софистицираноста и силата на колекцијата./М.М.