Планина од фрлена облека, од божиќни џемпери и скијачки чизми, до костуми за капење и летни фустани, создава тажна глетка во чилеанската Атакама, најсувата пустина во светот, која се повеќе страда од загадувањето создадено од брзата мода.

Брзата мода се фрла во чилеанската пустина.

 

Општественото влијание на неконтролираното консумирање во индустријата за облека, како детскиот труд во фабриките, или, ниските плати се добро познати во јавноста но не и катастрофалниот ефект врз животната средина на она што брзата мода го остава зад себе.

Чиле долго време е центар на користена и непродадена облека, произведена во Кина или Бангладеш, а минува низ Европа, Азија или САД, пред да пристигне во Чиле, каде што се препродава низ Латинска Америка.
Околу 59.000 тони облека пристигнуваат секоја година во пристаништето Икике во слободната зона Alto Hospicio, во северниот дел на Чиле. Трговците со облека од главниот град Сантијаго, 1.800 километри на југ, купуваат дел, додека многу се шверцува и во други земји од Латинска Америка.
Покрај сето тоа планината од фрлена облека во чилеанската Атакама, постојано се зголемува создавајќи јасна слика за сето што со себе го носи брзата мода./М.М.

More in:Вести

You may also like

Comments are closed.