Mattel Creations ја претстави својата ретро кукла Barbie од Silkstone, облечена во винтиџ иконскиот ансамбл After 5, како прекрасна репродукција на Silkstone, надополнета со носталгични детали.
„Изгледа како кукла од париските писти од таа ера“, вели водечкиот дизајнер на Barbie Signature, Bill Greening. „Елегантна е и софистицирано шик“. After 5 комплетот, во кој е облечена Barbie, означува мода од шеесетите години од минатиот век и со нејзиното повторно претставување се одбележуваат 60 години од славната Barbie од 1962 година.
Оваа кукла, позната и како Silkstone Doll, посакувана од колекционерите ја евоцира и елеганцијата на безвременската ера./М.М.