Мода вестиМоден мозаик

Loewe е токму спротивното од брзата мода

Loewe

Loewe е модна куќа основана во Мадрид во далечната 1846 година. Како најстара и една од најголемите луксузни модни куќи во светот, специјализирана е за рачно изработени производи од кожа, облека, парфеми и други модни додатоци. Дел од ЛВМХ групацијата и е управувана од  лондонскиот дизајнер Jonонатан Андерсон.

Loewe

Loewe отсекогаш била посветена на изработка на квалитетни, рачно изработени парчиња, како и на континуирано подобрување на еколошките практики. Определба на Loewe е да се спречи загадувањето, да се заштити различноста, да се намали отпадот и да се минимизира потрошувачката на ресурси – не само за внатрешните процедури, туку и за целиот синџир на снабдување.

Loewe Во основа, во многу аспекти, Loewe е токму спротивното од брзата мода. Застапува политика на одржливост,  развива луксузни дизајни и создава богато наследство на модни парчиња вредни со децении. /М.М.

You may also like

Comments are closed.