Monique Lhuillier

Со најновата колекација за пролетта 2022, подготвена за носење, Monique Lhuillier прославува јубилеј – 25 години во светот на модата. Јубилејот, како и стивнувањето на пандемијата во времето на создавањето на оваа колекција се можеби причините поради кои во неа доминираат оптимизам и едно позитивно расположение кое таа го подведува под „нов ден„ – It’s a new day!

Тоа големо чувство на оптимизам е потенцирано преко кројот, бојата, принтот, волуменот, а и Италија, како место одбрано за снимање на колекцијата е во тој дух. Се работи за сложеноста на деталите, како го сечевме и виткавме шифонот, како ги користевме монистрите, објаснува таа.

Monique Lhuillier

Има нежно чувство на слобода во пастелните миди фустани со рифли, а веселите лелеави дезени како да им пркосат на најавите за нови варијанти на ковид со кои можеби ќе уследат и нови рестрикции.

Monique Lhuillier

Инстинктот на Lhuillier  да се прослави кусото здивнување од пандемијата, како и нејзиниот јубилеј, остануваат нејзини убави оптимистички могови. Преубавите, романтични изгледи, наменети за една убава идна пролет го потврдуваат тоа.

Monique Lhuillier

Monique Lhuillier е филипинско-американска модна дизајнерка и креативна директорка позната по својот бренд за венчавки, како и ready-to-wearг колекции./М.М.

Monique Lhuillier

Monique Lhuillier

Деталите се на https://moniquelhuillier.com/

More in:Мода

You may also like

Мода

Zimmermann rezort 2023

Nicky Zimmermann неделава ја претстави својата колекција за на одмор, за наредната – 2023 година. ...
Мода

Афродизијак од Tony Ward

Либанско- италијанскиот дизајнер Tony Ward својата есенско/зимска колекција ја наслови со прашањето: Каде е Афродита?, ...

Comments are closed.