Пенкалото на Ferrari Stilema SP3 ќе се продава по цена од 27.500 УСД и е ограничено на само 599 парчиња низ целиот свет.
Montblanc и Ferrari го создадоа Stilema SP3 – мастилното пенкало чиј дизајн е инспириран од спортскиот автомобил Ferrari Daytona SP3. Имено, тркачкиот тим на Ferrari во 1967 година има постигнато неверојатна победа на сите три врвни места на трката 24 часа Daytona. Овој момент се слави во новиот модел на Daytona SP3, како дел од палетата на Ferrari Icona, со која се оддава почит на длабокото тркачко наследство на компанијата.
Легендарниот дизајнерски код на Ferrari стана препознатлив низ годините, како симбол на моќ, брзина и одлична изработка. Нивната посветеност на беспрекорниот дизајн и врвните материјали ја отсликува онаа на ателјето на Montblanc, правејќи неверојатен спој за секоја соработка.
За создавање на Stilema SP3, Montblanc соработуваше со Дизајнерскиот центар на Ferrari, за впечатливо продолжение на револуционерниот дизајн, од лесен титаниум, од едно парче. Врвот на пенкалото е изработен од бело злато Au 750, доволно цврсто, но и еластично за да се приспособи на корисникот и да се користи долго време, без притоа да се оштети.
Официјални застапници на брендот Montblanc во Македонија се Божиновски часовници и накит./М.М.