Винарската визба „Тиквеш“ и оваа година, 11-та по ред, ја продолжува традицијата на Фестивалот на младо вино, организирајќи го најголемиот онлајн настан од ваков вид. Под слоганот „И кога сѐ е вонредно, младото вино е извонредно“ програмата на годинешниот фестивал вклучува интересни содржини во изведба на познати уметници и естрадни ѕвезди од нашата земја и регионот кои ќе бидат емитувани „во живо“ од две локации – Кавадарци и Белград, а ќе настапат Влатко Стефановски, Тијана Дапчевиќ, Фрајле и Здружение на џез музичари.
Годинешниот Фестивал на младо вино ќе може да се следи и преку страницата на „Тиквеш“ на социјалната мрежа Фејсбук – Facebook.com/TikvesWinery, во петок, на 20. ноември 2020, во периодот од 19 до 21 часот.
За содржината на оригиналните текстови и соопштенијата одговорни се нарачателите.