Bobe's bakery

Киноа е семе без глутен, што потекнува од Јужна Америка, од регионот на Андите. Тој е фантастичен извор на протеини, влакна, витамини од групата Б и железо, а ги содржи и сите осум аминокиселини. Во диета без глутен, но и обична, може да биде совршен, вкусен додаток на разни јадења.

Bobe’s bakery

Еве еден рецепт за ќофтиња од киноа и тиквички што веруваме дека ќе ви се допадне.

Потребни состојки:

  •   две  тиквички,
  •   100 гр. киноа,
  •   2 јајца,
  •   морков, изрендан
  •   2-3 пасирани лукчиња
  •   3 лажици брашно
  •   половина китка исечкан магдонос
  •   сол, зачинал и бибер.

    Bobe’s bakery

Подготовка:

Во 200 мл. зовриена вода и прстофат сол, се става киноа за да поврие десетина минути, потоа се тргнува од оган и се затвара со капак. Измиените тиквички се рендаат и посолени се оставаат 10 минути, да отстојат (да пуштат вода). Потоа се цедат на цедалка.

Во сад се ставаат исцедените тиквички, киноата, морковот, лукчињата, брашното, јајцата и магдоносот. Се меша убаво, за смесата да се соедини. Се зачинува по желба со сол, бибер и зачинал.

Во тава со масло, на средна температура со лажица се пуштаат ќофтињата и се пржат додека заруменат од двете страни. Се служат со тартар сос или топка кисела павлака./Б.Б.

Наздравје!

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

Bobe’s bakery

 

You may also like

Comments are closed.