Градот Њујорк е прекриен со новото лого “WE ♥ NYC”, како ажурирана верзија на неофицијалниот амблем – легендарното лого на Milton Glaser „I ♥ NY“ од 1977 година.
Новото лого е дело на графичкиот дизајнер Graham Cliffordи претставува дел од кампањата чија цел е по пандемијатада биде „инспирација за оптимизам и граѓанска акција“.
Ажурираниот амблем, со sans serif фонтот, наместо стилотна машината за пишување, користен во оригиналниот дизајни новото, дискутабилно, тродимензионално срце кое потсетува на знак – емоција, не наиде на одушевување во јавноста.
Новото лого е дел од осум неделната кампања предводена од градоначалникот на Eric Adams, гувернерката Kathy Hochulи непрофитната Partnership for New York City.
Организаторите на кампањата тврдат дека целта е да се „инспирира оптимизам и граѓанска акција“, согласно со духот на оригиналниот дизајн на Milton Glaser, кој беше создаден како дел од рекламната кампања на државата Њујорк, за борба против растечката невработеност, како и за промоција на туризмот, меѓу растечките стапки на криминал.
I ♥ NYC кампањата била лансирана среде урбана криза“, се потсетува во дебатите на социјалните мрежи, и останува големо прашањето дали верзија на 21-от век на кампања од 70-тите ќе ги оствари зададените цели, со оглед на сериозноста на актуелните проблеми и состојби./М.М.