Последниве децении дури 40% од коралните гребени се изумрени, поради загадувањето на морето и климатските промени. The World Resources Institute има согледувања според кои 90% од коралните гребени ќе бидат загрозени до исчезнување до 2030, а сите – до 2050 година.
Своја битка против унишувањето на коралните гребени и зачувување на морето веќе со децении води еминентниот ументик Јason deCaires Taylor, кој во 2006 година од стана на National Geographic е признаен како еден од водечките 25 Wonders of the World.
Реномираниот скулптор и уметник Јason deCaires Taylor прв во светот создава музеи под вода. Ayia Nappa (MUSAN), во крајбрежјето на Кипар, со 93 скулптури е меѓу неговите последни дела.
https://www.underwatersculpture.com/projects/ayia-napa-musan/
Темата е секогаш иста – алтернативниот подводен универзум и влијанието на човекот. Органските скулптури, направени од pH неутралниии материи, дизајнирани се со цел да бидат и дом на морските суштества, а и да им помогнат и на коралите да процветаат кога за тоа ќе дојде време.
Авторот се надева дека подводните музеи ќе бидат визуелно еколошко искуство и дека ќе се создаде интеракција на уметничките дела и посетителите – за на луѓето да им се доближи морското опкружување и свеста за потребата од конзервација и заштита на овие еко системи./М.М.