Српската поп пејачка Јелена Карлеуша во белградскиот трговски центар го претстави новиот парфем ЈА ЈК, како и миризливиот спреј за тело. На промоцијата Јелена откри дека таа и нејзиниот тим поминале неколку месеци внимателно избирајќи мирисни ноти и дизајнирајќи амбалажа за новата козметичка линија.
Идејата за парфемот пак потекнува од честите прашања за нејзиниот мирис, по што таа решила да создаде нешто што го отсликува нејзиниот лик. Името на парфемот ги комбинира нејзините иницијали со баладата „ЈА“, за која самата го напишала текстот.
„ЈА ЈК“ е создаден за луѓе кои сакаат елеганција и посакуваат да се истакнат, истакна Јелена. Комбинацијата на ноти од килибар, ванила, јасмин и цвет од портокал, го прави мирисот универзален избор за жени и мажи.
Парфемот ќе се продава по цена од 6.699 српски динари, додека цената на спрејот е 1.699 динари. Промоцијата може да се проследи на следниот линк: