ЈУ “Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје објавуваат ЈАВЕН ПОВИК за програмски активности за манифестацијата БЕЛА НОЌ 2024.
Годинешното јубилејно 20-то издание на „Бела ноќ“ ќе се одржи на 5 октомври 2024 на повеќе централни локации низ градот Скопје. Се работи за препознатливо обележје на Град Скопје, со бројни активности од областа на културата.
За таа цел ЈУ “Универзална сала“ – Скопје и Град Скопје, распишуват Јавен повик за учесници кои се заинтересирани да аплицираат и да понудат иновативна програма со цел да се збогати културната понуда на градот Скопје.
На конкурсот можат да се пријават уметници кои творат во следниве области: ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ (Ликовна уметност, фотографија, инсталација, видеоарт, стрип), ПРИМЕНЕТИ УМЕТНОСТИ (Архитектура, визуелен/индустриски/веб дизајн, мода, дигитални креации, видеоарт и инсталации), МУЗИКА, ФИЛМ, ТЕАТАР, ЈАВНА УМЕТНОСТ, УРБАНИ ИЗВЕДБИ И ПЕРФОРМАНСИ.
Селекцијата ќе биде направена од страна на жири комисија врз основ на поднесените апликации а водејќи се од критериумите: квалитет, иновација и оригиналност на идејата, презентирање и афирмирање на современото творештво, урбаната култура и јавната уметност во опсег на предложениот концепт. Крајниот рок на аплицирање е 19.08.2024.
Повеќе информации за Јавниот повик може да најдете на www.univerzalna.mk/belanok .
More in:Вести
Модната приказна на Emily in Paris
Emily Cooper (Lily Collins) и во четвртата сезона на Emily in Paris, напоредно со својата ...
Jannik Sinner – ѕвездата на Gucci
Модната куќа Gucci во соопштението до јавноста „ со гордост му честита на својот глобален ...
Rihanna и Dior – нова ера за J’Adore
Новата рекламна кампања на J’Adore парфемот на Dior со Rihanna, во режија на Steven Klein, ...
IKEA отвора онлајн пазар за половен мебел
IKEA Preowned новата платформа е чекор напред кон кружен бизнис, планиран за поставување до 2030 ...