Новото испитување открива дека агонистите на GLP-1 може да помогнат во намалување на болката поврзана со остеоартритис на колената . GLP-1 лековите, како semaglutid (Ozempic и Wegovy), можат да помогнат во намалувањето на болката поврзана со остеоартиритисот и тоа нарочно кај лица со прекумерна тежина. Ова е нов наод кој го проширува опсегот на делување на овие лекови и создава проблеми поради што хорничните дијабетичари остануваат без за нив неопходната терапија.
Имено, иако Ѕemaglutide се користи кај дијабетесот тип 2 и за губење на тежината, бројни истражувањата покажуваат дополнителни придобивки. Така, неодамнешните студии покажуваат дека лековите GLP-1 може да имаат невропротективни придобивки, да го намалат ризикот од Алцхајмерова болест и нудат заштита од кардиоваскуларни болести.
Нови резултати од клиничкото испитување објавено во The New England Journal of Medicine покажува дека semaglutide може да помогне да се намали болката поврзана со остеоартритис на колената кај луѓето со прекумерна телесна тежина.
Со испитувањето STEP 9 беа опфатени 407 учесници, со просечна возраст од 56 години и индекс на телесна маса (BMI) од 40,3 кои неделно примале semaglutid (2,4 mg) или плацебо, во текот на 68 недели. Едновремено променет е животниот стил на испитаниците, како намален внес на калории и физички активности.
Според клучните наоди на испитувањето, оние кои земале semaglutid имале значително намалување на нивоата на болка на WOMAC (Индекс на остеоартритис на универзитетите во Western Ontario и McMaster), кои паднале за 41,7 поени, додека намалувањето кај плацебо групата било 27,5 поени.
Исто така, учесниците кои земале semaglutid изгубиле во просек 13,7 проценти од нивната телесна тежина, додека учесниците кои земале плацебо изгубиле само 3,2 проценти.
Иако резултатите се ветувачки, некои експерти предупредуваат дека сè уште е рано да се препишуваат Ozempic или Wegovy за третман на остеоартритис и дека се потребни дополнителни истражувања за да се потврдат директните антиинфламаторни ефекти на овие лекови./М.М.