The Devil Wears Pradа ќе има свое продолжение: по речиси две децении, од Disney соопштија дека е добиена согласност од Meryl Streep, Anne Hathaway и Emily Blunt за настап во нов филм
Според Variety, Aline Brosh McKenna, која го напиша оригиналното сценарио на „The Devil Wears Prada“ е во преговори да работи на новиот филм, а ќе се врати и продуцентката Wendy Finerman.
На благајните филмот има заработено 326 милиони долари на глобално ниво и добиено бројни позитивни критики, пред да добие и две номинации за Оскар во 2007 година.
Devil Wears Prada ја следеше Andy Sachs (Hathaway) низ вртоглавиот свет на модното новинарство во Њујорк, додека работеше како асистентка на застрашувачката Miranda Priestly (Streep), студената главна уредничка на измисленото списание Runway.
Оригиналниот Devil Wears Prada е адаптација на истоимениот роман на Weisberger, кој пак е своевидна фикција на времето кога авторката била помошник на главната уредничка на Vogue, Anna Wintour. Weisberger објави две продолженија на книгата: Revenge Wears Prada („Одмаздата носи Прада“), од 2013 година, во кое Andy работи како уредник во списание за невести, додека повторно ги вкрстува патиштата со Miranda, и When Life Gives You Lululemons („Кога животот ти дава лулулемон“), од 2018 година, каде ѓто се следи кариерата на Emily, како публицистка во предградијата на Конектикат./М.М.