Оскарите се познати по елегантните фустани, црвениот тепих и, секако, по подароците што холивудските sвезди ги носат дома. Оскарите 2021 беа со намалена продукција од претходните години, со помалку гости и на мал простор. Но, познатите торби со подароци останаа исти. За последните 20 години, номинираните актери, актерки и филмаџии секогаш добивале торба полна со неверојатни производи и ваучери.
Distinctive Assets е фирма за маркетинг која се грижи за овие вредни торби за најдобрите. Оваа година, компанијата сакаше да ги контекстуализира пандемијата и релевантните промени на кои бевме сведоци, давајќи им на подароците поголема тежина. На пример, избраните производи се од компании управувани од жени, потоа од луѓе од повеќе раси, па претприемачи со попреченост и други компании кои поддржуваат слични цели.
Вредноста на торбата со подароци е 205.000 американски долари. Во неа е, на пример, витаминска терапија за мамурност, пенкало со пареализатор од 24 карати, бесплатни лични обуки, па дури и сесии за липосукција. Има и бесплатни престои во ексклузивни одморалишта, како што е изолираниот хотел Pater Noster, стар шведски светилник, претворен во луксузен хотел со девет соби.
Во торбата се и луксузни колекции за нега, потоа различни игри, чорапи, колачиња, свеќи, итн. Но, она што најмногу се истакнува беше почитта кон Chadwick Boseman: карактеристичен е и NFT (вид на крипто-колекционерска уметност што постои само на Интернет), направен со лицето на актерот. Анимацијата е создадена од уметникот Andre Oshea, а ќе биде понудена и на аукција, за дел од приходите да се наменат за фондацијата за рак на дебелото црево во САД./М.М.