Bella Hadid е неофицијална постер-девојка на движењето кое се залага за преобразба на модата
Платформата Depop е преставник на новите модни апликации кои на глобалната заедница и овозможуваат купување, продавање и поврзување, со цел модата да стане поинклузивна, разновидна и помалку расипничка. Depop е преставник на т.н. преобразувачката мода, со платформа и апликација за моден пазар, каде што новите генерации имаат можност да откриваат уникатни предмети.
Како резултат на подемот на платформите како Depop, преставена и како ризница на носталгична мода на генерациите родени околу 2000 година, омилената облека и естетиката од тоа време, влегуваат и во актуелните модни текови.
Bella Hadid стана неофицијална постер-девојка на движењето кое се залага за преобразба на модата. На црвениот килим во Кан, таа се појави во моделите за есен / зима 2021 на Lanvin и Schiaparelli, но и во винтиџ фустанот Jean Paul Gaultier, а за англиското издание на Vogue во тинејџерска облека – сосема во стилот на преобразувачката мода./М.М.