Bobe's bakery

Состојки:

  • 100 гр. темно чоколадо
  •  лажица путер
  •  две јајца
  •  две лажици шеќер темен
  •  пакување ванилин шеќер  Подготовка: Чоколадото и путерот се топат на пареа. Белките посебно се матат во снег. Сосема малку сол им се додава додека се матат. Жолчките се матат со ванилин шеќер, па се додаваат на стопеното чоколадо претходно тргнато од огнот. На оваа крема се додаваат изматените белки, лажица по лажица, со рачно мешање. Чоколадниот мус се служи во стаклени чашки, одозгора се додаваат овошје и лешници/ бадеми/ореви по желба. Наздравје! /Б.Б.

You may also like

Comments are closed.