Актерот Johnny Depp се појави на четвртата Savage X Fenty ревија на Rihanna, а некои од обожавателите на пејачката не беа среќни поради тоа.
На претставувањето на најновата Savage X Fenty колекција, Johnny Depp учествуваше само со видео во траење од една минута, облечен во свилени пижами и со задолжителните гердани, кои како да стануваат негов заштитен знак.

Сепак, таа минута во која се појави беше доволна актерот, но и Rihanna, да бидат мета на коментари со омраза. Имено, на некои од следбениците не им било јасно зошто Ријана во своето шоу вклучила актер кој, како што велат, оние што ги мразат жените го прегрнале како херој.
Шоуто на Savage X Fenty доаѓа за време на враќањето на Rihanna, по раѓањето на синот. Што се однесува до Johnny Depp, ова не е прво појавување на поголеми настани, во настојување да ја зачува својата кариераа и угледот.


Инаку, четвртата инсталација на модното шоу е емитувана на Prime Video на 9 ноември, со изведби на плеада на уметници, врвни модели и, се разбира, нов асортиман на долна облека, достапна за купување на Амазон.
Savage X Fenty е познат по своите привлечни изведби и за нив Rihanna вели дека за цел имаат не само претставување на долната облека, туку се и настан од кој многу се очекува.
Овој пат, се чини, работите како да отидоа вон контрола и надвор од очекувањата. Танцот повторно е камен-темелник на настанот./М.М.

 

 

You may also like

Comments are closed.