Само тело кое има силен имунитет е во состојба да се бори против вируси, бактерии, токсини, инфекции и воспалителни процеси. Во овој период, кога силината на имунолошкиот систем е од исклучително значење, треба да се потенцира дека најдобриот начин за тоа е урамнотежена исхрана, богата со минерали и витамини, доволно сон, како и редовната физичка активност.

Освен витамините Ц и Д, во зајакнувањето на имунитетот значајна улога минералите имаат цинк и селен.

 

Цинк: Олиго-минерал што ги стимулира неутрофилите и НК-клетките кои се борат против вирусни инфекции. Има значајна улога во намалување на фреквенцијата на инфекциите, како и на нивното време-траење.

Недостаток на цинкот доведува до доцнење во развојот, намален апетит, бавно заздравување на раните и подложност на инфекции.

Цинкот е застапен во: спанаќ, житарки, семиња (сушени семки од лубеница, од тиква, од сончоглед, од чиа), пивски квасец, соја, ореви (кикирики, бадеми, ореви), овошје (авокадо, банани, киви, јагоди, праски), зеленчук (краставици, маслинки, кромид, грашок, компир, домати), какао.

Селен: клучен за имунолошката функција, антиоксиданс што помага во јакнење на одбраната на организмот од бактерии и вируси. Научниците откриле дека луѓето со ниско ниво на селен се подложни на развој на најразлични болести.

Извори на селен се: риба и морски плодови (туна, сардини, остриги, школки, ракчиња, лосос, ракови), посно месо – пилешко, бразилски орев, ореви, јајца, лук, пченични клици, сончоглед… /M.M.

You may also like

Comments are closed.